Црна хроника
Охриѓанец разменил сувенир долари
Охриѓанец се обидел да размени банкнота од 100 долари за денари, но на неа пишувало дека е сувенир, соопшти полицијата, па против Б.П. (24), поднесе кривична пријава за `фалсификување пари`.
Охриѓанец се обидел да размени банкнота од 100 долари за денари, но на неа пишувало дека е сувенир, соопшти полицијата, па против Б.П. (24), поднесе кривична пријава за `фалсификување пари`.
Имено, на 22 ноември минатата година, пријавениот на негов пријател кој работел како ноќен чувар во кафе бар, му дал банкнота од 100 американски долари со цел да ја размени за денари. Настанот се случил во 4 часот кога пријавениот кој бил со уште три други лица, го забележал ноќниот чувар во кафе бар лоциран на улицата „Партизанска“ во Охрид.
Со образложение дека имал долари што сакал да ги размени бидејќи му требале денари да ја плати сметката во друг угостителски објект, пријавениот на неговиот пријател му ја дал банкнота од 100 американски долари за што од сега оштетениот, добил 3.000 денари и ветување дека наредниот ден ќе му исплател уште 1.900 денари.
Неколку минути потоа, оштетениот се посомневал дека банкнотата која му ја дал Б.П. е сомнителна и набрзо забележал дека истата нема сериски број и има натпис Souvenir production.
Од страна на полициските службеници, со потврда, банкнотата е одземена од оштетениот и испратена за вештачење до Народната Банка на Република Македонија од каде е добиена експертиза за фалсификат./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.