Црна хроника
Охриѓани нападнале полицаец оти побарал возачка
Охридската полиција поднесе кривични пријави против тројца жители на охридското село Велмеј бидејќи нападнале полицаец кој му побарал возачка дозвола на еден од нив.
Во вторникот рано наутро околу 4 часот на булеварот „Туристичка“ сообраќјната полиција којашто извршувала плански сообраќајни контроли запрела автомобил „опел вектра“. Полицајците му побарале на возачот возачка дозвола, но тој излегол од автомобилот и почнал да се однесува агресивно. По него излегле и двајцата сопатници од автомобилот. Возачот физички го нападнал полицаецот со неколку удари со раце и нозе по телото. Во нападот се вклучиле и сопатниците кои исто така го нападнале полицаецот.И покрај активниот отпор, набрзо тројцата напаѓачи биле приведени и лишени од слобода и по брза постапка предадени на Основното јавно обвинителство во Охрид./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тетовец ја истепал сопругата
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 35 минути во Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец М.Е.
Тој претходно бил пријавен од неговата 43-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија надлежните.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…