Контакт

Црна хроника

ОЈО истражува дали некој го поттикнал Крпач на самоубиство, СЈО не им дава доказ кој му се заканувал

Објавено пред

Јавното обвинителство Скопје тврди дека сведокот на Специјалното јавно обвинителство, Коста Крпач неспорно се самоубил, но сега истражува дали има кривично дело, односно дали некој го навел и поттикнал да изврши самоубиство.

dobivaj vesti na viber

Истрагата за самоубиството е завршена и скопското Обвинителство врз основа на материјални, вербални докази и многубројни вештачења утврдило дека Крпач се самоубил на специфичен начин.Сега скопското Обвинителство отворило предистражна постапка и истражува кој, зошто и како му се заканувал на Крпач. Но, предистражната постапка ја кочело Специјалното јавно обвинителство кое не му го давало записникот од распитот на Крпач во кој тврди дека имал закани.Единствено нешто што добиле од СЈО биле информациите дека Крпач имал закани, но ним им требало доказ кој му се заканувал на Крпач за да продолжат со истрагата. Како што објаснија од Обвинителството, кад работеле со многу заштитени сведоци, Крпач морал да каже кој и зошто му се заканувал за да бара заштита од СЈО и сето тоа да биде внесено во записник. Записникот може да биде таен документ, но според Обвинителството, СЈО може да го даде овој документ со назнака доверливо.Скопското обвинителство уште во мај доставило барање до СЈО за да им се предаде записникот, но до денеска не добиле никаков одговор. Обвинителството упати апел до СЈО да надвладее разумот да им го предадат записникот.Истрагата на скопското Обвинителство  утврдила дека револверот со којшто се самоубил Крпач бил негов и имал дозвола за негово поседување. Испитани биле 19 сведоци, сите кои Обвинителството ценело дека би можеле да придонесат за решавање на случајот. Десетмина од испитаните сведоци биле службени лица вработени во Министерството за внатрешни работи кои го вршеле претресот во домот на Крпач, а девет лица биле лица блиски со него, меѓу кои неговата сопруга, пријатели и бизнис партнери.Според Обвинителството, од истрагата произлегло дека промена на расположението кај Крпач се случила на 6 април, кога бил извршен претрес во неговиот дом по налог на Специјалното јавно обвинителство. Следниот ден Крпач бил испитан како сведок во СЈО и побарал заштита бидејќи имал закани. По неколку дена името на Крпач се најде на списокот на аболицирани лица којшто го објави Претседателот, Ѓорге Иванов, а истиот месец на 27-ми изврши самоубиство. Првин пукаше во комбе кое било паркирано пред влезот на неговата зграда во скопската населба Капиштец, но засега не е познато зошто Крпач пукал во комбето.Тој пукал кон комбето од терасата од станот каде што живее, а потоа влегол внатре и се самоубил. Случајот во полиција го пријавил пензиониран полицаец кој според Обвинителството, се нашол во погрешно време на погрешно место.  Телефонот на Крпач не бил вештачен бидејќи стручните лица не успеале да го пробијат пасвордот на телефонот, којшто имал посебна заштита. По самоубиството неговата сопруга била повикана во обвинителството два пати и до тогаш таа немала никакви закани по нејзиниот живот.Обвинителството ги повика новинарите на брифинг по вчерашната прес-конференција на СЈО на која соопшти дека отворило нова истрага за случајот „Трезор“, а во оваа истрага е вмешана и фирмата чиј сопственик порано беше Крпач, „Финзи“. Со новата истрага на СЈО осомничени за злоупотреба на службена положба се три лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице од Министерството за внатрешни работи, кои преку правното лице „Финзи ДООЕЛ“, од Велика Британија нарачува електронска и комуникациска опрема, со цена повисока за околу 862.000 евра.   За оваа сума, преку повеќе договори и анекси на договори е оштетен Буџетот на Република Македонија, а со цел лично богатење и прибавување имотна корист./крај/ффс

Извор: Макфакс

Црна хроника

Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце

Објавено пред

Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Објавено пред

Радовишанец со месеци силувал малолетничка

dobivaj vesti na viber

Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз

Објавено пред

Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија4 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ4 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија6 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија7 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија7 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија8 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија8 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија9 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија9 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија19 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија20 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија20 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија20 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија20 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија21 час

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија22 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија23 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија23 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија23 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...