Црна хроника
ОЈО подигна обвинение за 13 судии и судски службеници
Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје по завршување на истражната постапка во предметот „Јустиција“, поднесе обвинителен предлог против тринаесет обвинети лица, од кои четири обвинети лица судии и девет лица судски службеници, за кривично дело несовесно работење во службата.
„Обвинетите се товарат за дела кои ги сториле во периодот од 2010 година до 2013 година како службени лица судии, и како судски службеници, сите вработени во Основен суд Скопје 1 Скопје во Одделот за прекршоци. Имено, со умисла извршиле повеќе временски поврзани кривични дела што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики и со очигледно несовесно постапување во вршењето на своите овластувања и должности, прибавиле корист за странките-пријавени во прекршочните постапки при тоа дозволувајќи да застари нивното гонење за сторен прекршок”, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство.
Во предметот Јустиција беа опфатени вкупно 25 обвинети лица, од кои 14 судии и 11 судски службеници. За пет лица беше донесена наредба за запирање на истражната постапка, бидејќи е утврдено дека во нивните дејствија нема елементи на кривично дело, до почетокот на мај со вкупно осум осомничени лица се склучени спогодби за кривична санкција, кои се верификувани од судија во претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје.
Во акцијата „Јустиција“, ланскиот октомври, беа приведени и беа поднесени кривични пријави против 14 судии од Одделението за прекршоци во Основен суд Скопје 1 и против 11 судски службеници од истиот суд, осомничени за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Според кривичната пријава, судиите и службениците со неизвршување на службената должност нанеле штета на Буџетот од 1.308.515 евра за ненаплатена, а пресудена глоба, како и 3.773.500 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.