Црна хроника
ОНА презеде одговорност за наводни напади врз ПС во Куманово и Тетово, но и врз станиците во Бит пазар, Илинден и Гостивар
Ослободителната национална армија (ОНА) преку соопштение до медиумите ја презеде одговорноста за експлозиите што се случија пред полициските станици во Куманово и Тетово, но презема одговорност и за наводни напади и врз полициските станици Бит пазар, Илинден, Гостивар, а за експлозии пред овие полициски станици во јавноста немаше никакви информации.
На соопштението кое го објави агенцијата на албански јазик ИНА, е потпишан извесен Куштрими, исто како и на соопштението во кое истата организација ја презема одговорноста за пукањето кон Владата, кога беа испукани два проектила кон објектот на Владата.„Во текот на ноќта на 9-ти декември, во 20.00 часот, на координиран начин единците на ОНА нападнаа во близина на полициските станици во Бит пазар Скопје, специјалната единица Илинден, Тетово, Гостивар и Куманово“ се вели во изјавата на ОНА.Заедно со изјавата пуштена е и политичка декларација, исто така потпишана од „Куштрими” , каде се искажува загриженост за актуелната ситуација на Албанците во Македонија и каде ја повикуваат меѓународната заедница да интервенира.Од Министерството за внатрешни работи велат дека работат на расчистување на случаите во Тетово и Куманово, вештачењето е завршено и утврдено е дека не се работи за бомби, а истрагата се води во координација со обвинителството.Вечерта на 9-та декември беа фрлени експлозивни направи пред полициските станици во Куманово и Тетово. Повредени немаше, оштетено беше само едно приватно возило.Ова не е првпат ОНА да презема одговорност за инциденти што се случиле во Македонија. Слично вакво соопштение беше испратено и пред четири години кога имаше престрелка меѓу полицијата и униформирани лица кои чуваа огромно количество на оружје на Блаце.Во соопштението имаше неточна информација дека во престрелката бил убиен полициски специјалец, информација што МВР експресно ја демантираше. Полицијата тогаш откри дека Авни Селими и неговото соопштение на ОНА со кое ја презема одговорноста за Блаце е испратено преку сервер од Швајцарија.Не е познато кој точно стои зад соопштението, коешто може да го прати секој./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.