Црна хроника
Оружена пресметка во чајџилница во Кондово, двајца потешко ранети
Две лица се потешко ранети при вооружена пресметка во скопско Кондово, соопшти во сабота полицијата.
Според истиот извор, престрелката се случила во петокот попладне кога во чајџилница дошло до меѓусебна престрелка помеѓу лицата Ј.Ј. и З.Ј. од една страна и Ќ.Н. и К.Н. од друга страна, при што се испукани повеќе куршуми од пиштол при што четири лица се здобиле со повреди.
Три лица Ј.Ј.,Ќ.Н. и М.М.се пренесени во Ургентен центар-Скопје каде кај едно лице се констатирани тешки телесни повреди, додека, пак, кај другите двајца телесни повреди. З.Ј. е пренесен во ГОБ “8-ми септември” каде му е контатирана тешка телесна повреда.
Веднаш по добиената пријава излезено е на местото на настанот извршен е увид при што биле подигнати повеќе докази.
По целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Неофицијално, дел од медиумите јавија дека дошло до пресметка меѓу членови на ДУИ, при што се судриле поддржувачите на поранешниот министер за правда Блерим Беџети и приврзаниците на Рафиз Алити. Имено, веќе подолго време тлее нетрпеливост меѓу Алити и Беџети бидејќи и двајцата претендираат на претседателското место на партискиот огранок во Сарај.
Инцидентот во петокот го потврди и Алити, демантирајќи дека се случила во седиштето на ДУИ во Сарај, како што претходно јавија некои медиуми. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.