Контакт

Црна хроника

Основал фирми на име на социјални случаи и зел 95.000 евра како поврат на ДДВ

Објавено пред

Скопјанец им основал фирми на социјални случаи, поднесувал фалсификувани ДДВ пријави до Управата за јавни приходи и зел повеќе од 95.000 евра по основ поврат на ДДВ.

dobivaj vesti na viber

Тој најпрвин ја основал фирмата КАМПИРИ ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје во која како управител и овластен потписник на банкарската сметка поставил лице од Скопје, со низок социјален статус кој својата егзистенција ја остварува со собирање на отпадоци и поправка на велосипеди. Преку оваа фирма во текот на 2013 година употребиле фалсификувана ДДВ пријава во која прикажале невистинити податоци за влезниот промет за наводно извршени набавки на стоки и услуги без да постои соодветна документација – фактури како и извршено плаќање на добавувачи. Со тоа ги измамиле службените лица на УЈП и противзаконски и неосновано извршиле поврат на ДДВ и го оштетиле Буџетот на Република Македонија за износ од  49.000 евра. За добро завршената работа организаторот на криминалната шема му исплатил  90.000 денари на социјалецот, а остатокот од парите ги задржал за себе.Потоа отворил друга фирма со назив САЛИОВ ФЕШН ДООЕЛ Скопје каде друго лице го назначил за управител и овластен потписник на банкарската сметка на која требало да пристигнат парите од УЈП. И за оваа фирма, пријавениот до Управата за јавни приходи во 2013 година доставил фалсификувана ДДВ пријава во која било искажано побарување за поврат на ДДВ иако фирмата буквално немала никаква деловна активност. Откако Управата за јавни риходи го одобрила повратот на ДДВ-то за САЛИОВ ФЕШН ДООЕЛ Скопје во износ од 46.000 евра, организаторот заедно со „управителот“ на фирмата, од банката ги подигнале во кеш сите пари. Организаторот ги зел сите пари, а на „управителот“ му дал само дневница.Финансиската полиција против трите осомничени лица до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава за сторени кривични дела „Измама“, „Фалсификување и уништување деловни книги“ и „Поттикнување“./крај/со



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје

Објавено пред

Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани

Објавено пред

Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот

Објавено пред

Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија3 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија6 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија7 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија9 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија10 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет10 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија11 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет11 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија11 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет11 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија1 ден

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија1 ден

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија1 ден

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...