Црна хроника
Основец му вперил пиштол на соученик
Седмоодделенец во петокот му вперил пиштол на соученик во Основното училиште „Истикбал“, соопшти полицијата.
Според истиот извор, ученикот откако излегол од училницата, му се приближил на неговиот соученик и без повод и причина од појасот извадил пиштол и го вперил кон него.
Со потврда на СВР-Тетово за привремено одземени предмети одземен е пиштол марка ,,ЦЗ‘‘ калибар 9мм и една рамка со 10 куршуми.
По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.