Црна хроника
Основното јавно обвинителство Тетово го истражува убиството во Мала Речица, се трага по осомничените
Основното јавно обвинителство Тетово соопшти во саботата дека го истражува инцидентот кој се одигра во петокот ноќта во тетовското село Мала Речица, во кој едно лице го загуби животот а уште две други се здобија се прострелни рани од огнено оружје.
Во петокот вечерта, како што претходно соопшти Министерството за внатрешни работи, околу 23,15 часот во селото Мала Речица, на улицата „188“, по вербална расправија едно лице, инаку жител на Мала Речица е убиено, а двајца негови сограѓани се здобиле со прострелни рани од огнено оружје, наводно автоматски пиштол „шкорпион“ од кој било рафално пукано, а го употребило едно од двете лица кои влегле во караницата со другите три лица.
Според првичните сознанија, извршители на кривичното дело се две лица од Тетово, кои наводно од порано се познати како сторители на разни кривични дела, кои во моментов се недостапни на органите на прогонот и се трага по нив. Повредените се испратени на лекување во Клиничката болница во Скопје.
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово ги презема сите мерки и дејствија за расветлување на причините што довеле до овој кривично. Издадени се низа наредби, како за потрага по осомничените лица, така и наредби за прибирање траги и изнаоѓање докази за расветлување на настанот и утврдување на факти во предметот.
Засега нема информација за причините за вербалната расправија и мотивите за инцидентот. Неофицијално, според локалните тетовски медиуми, станува збор за пресметка меѓу дилери на дроги.
Според информации од СВР Тетово и Јавно обвинителство од Тетово, во инцидентот се инволвирани Х. M. (37) и неговите пријатели М. Х. (34) и Х. К. (39) од Мала Речица, од една страна, и А. Б. (33) и Б. М. (30) од Тетово, од друга страна. Расправијата набрзо прераснала во тепачка во која А. Б. од чанта извадил пиштол од кој го застрелал Х. М. со две прострелни рани во главата и телото, по што овој починал на местото на инцидентот. Двајцата негови другари биле ранети во нозете. Веднаш потоа напаѓачите побегнале. Ранетите М.Х. и Х.К. биле донесени во тетовската Клиничка болница од каде, поради сериозноста на повредите, се префрлени на Клинички центар во Скопје. крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка
Вчера во скопската населба Аеродром, по претходна расправија за паркинг, настанала физичка пресметка помеѓу И.С.(31) и М.Љ.(60), двајцата од Скопје, при што М.Љ. употребил и метален предмет, oбјави МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Кумановец го кршел инвентарот на бензинска пумпа, приведен е
Полицијата го приведе С.Д. (27) од Куманово затоа што на бензинска пумпа на улицата Доне Божинов во градот се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот.
С.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Кривична против битолчанец, ставил под хипотека туѓ недвижен имот во Охрид и стекнал корист од 352 илјади денари
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 61-годишниот К. Р. од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела неизвршување судска одлука и самовластие.
„Тој, свесно и спротивно на судска пресуда, става под хипотека недвижен имот во Охрид сопственост на друго лице и на тој начин стекнал противправна имотна корист од 352.000 денари“, велат од СВР Охрид.