Црна хроника
Осомничен за шверц на мигранти се спогоди со Обвинителството
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по прибирање и предочување на сите докази на осомничениот, склучи Спогодба со едно лице обвинето за криумчарење мигранти.
Минатиот месец на 14.04.2015 година на автопатот Гевгелија – Скопје на крстосницата за Велес и Штип, обвинетиот – возач на камион е запрен од страна на полицијата при што било откриено дека превезува 150 мигранти во две камионски прилколки. Исплашените мигранти се разбегале по околните ниви, при што 15 мигранти од кои две малолетни лица и едно бебе биле фатени и префрлени во Прифатниот центар во Скопје.
При истрагата е утврдено дека за патот низ Република Македонија мигрантите плаќале 1000 евра од лице, од кои, како награда за извршената услуга возачот требало да земе по 50 евра од превезено лице.
Договорена е затворска казна во траење од пет години и шест месеци.
Судијата од Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја прифати Спогодбата и донесе соодветна Пресуда со која на обвинетиот му е определена казна – Затвор во траење од пет години и шест месеци и му е одземен камионот со кој ги превезувал мигрантите. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.