Црна хроника
Осомничениот за тројното убиство ги поминал сите здравствени и психолошки тестови во АРМ
Професионалниот војник Драган Манаилов кој е осомничен за тројното убиство во Злетово бил во редовен работен во Армијата на Република Македонија.
Од Генералштабот на АРМ го осудуваат чинот на нивниот припадник и соработуваат со полицијата за да се расветли тројното убиство. При вработувањето на војникот биле запазени сите процедури во однос на психолошката подготвеност и способност за вршење на должноста.Манаилов утрово со автоматска пушка најпрвин застрелал педесетгодишен жител на Злетово, кој бил вработен во Пазарниот инспекторат, а потоа отишол во куќата на родителите на неговата сопруга и ги застрелал и нив.Веќе била поведена бракоразводна парница меѓу него и сопругата. Манилов за време на убиството бил на службена должност, а откако ги извршил убиствата избегал./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.