Црна хроника
Осомничениот за тројното убиство најден обесен, бил пријавуван за насилство
Осомничениот за тројното убиство во Злетово бил пронајден обесен во бачило во близина на градот. Професионалниот војник кој ноќта кон вторникот бил на стража во кумановската касарна утрово со службениот „калашников“ ги уби таткото и мајката на неговата сопруга и уште еден жител на Злетово.
Четириесетгодишниот Манаилов утрово најпрвин го уби педесетгодишниот жител на Злетово, а потоа отишол во куќата на неговата сопруга и ги застрелал мајка и и татко и. Во тек била бракоразводна парница меѓу двајцата сопружници. Соседи за Телеграф велат дека повеќепати бил пријавуван за семејно насилство од баба му и дедо му. „Војската требаше навреме да си преземе мерки , да го отстрани од работа, да му го одземе оружјето“ изјавила сосетка за Телеграф.Синоќа Манаилов бил на стража во кумановската касарна. „Напомнуваме дека согласно правилото за обезбедување објекти, материјални средства и луѓе во АРМ и неговата примена во однос на подготовката на припадниците на АРМ пред извршување на должноста, кај професионалниот војник од страна на лекар е утврдена добра здравствена и психофизичка состојба“ се вели во соопштението од АРМ. Оттаму велат дека не биле известени дека имало пријави за нивниот вработен, а немале основа за дисциплинска постапка, бидејќи немало правосилна пресуда против него.Тројното убиство во Злетово е второто во текот на ноември, откако кавадарчанец ги уби таткото мајката и сестрата на неговата сопруга. Кавадарчанецот бил бранител во 2001 година и претходно пријавуван за семејно насилство, но сепак никој не му го одзел оружјето кое го поседувал со дозвола./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.