Црна хроника
Осомничениот за убиството во Гостивар сам се предал во полиција
Осомничениот за убиството што се случи во Гостивар во понеделникот вечерта околу 23 часот сам се предал во Полициската станица во Гостивар.
Убиството се случило по кавга за сообраќаен прекршок. Според информациите од Обвинителството во понеделникот околу 21.30 часот, дваесет и шестгодишното момче кое беше убиено, било паркирано со своето возило од левата страна на улицата „Седек Костоски“ во Гостивар, кога од спротивната страна со автомобил наишол осомничениот со своето семејство. Во критичниот момент настанала расправија и сега починатиот со метален предмет удрил во возилото на осомничениот, а тој извадил пиштол што го поседувал со дозвола и во паника испукал три куршуми во правецот на сега починатото лице. Еден од куршумите завршил во телото на починатиот кој во контактибилна состојба бил пренесен во Општата болница Гостивар. Поради сериозноста на повредите, истиот е испратен во Клиничка болница Скопје каде при извршување на интервенцијата во текот на ноќта починал./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.