Црна хроника
Остатоците од урнатиот авион се подигаат и пренесуваат за натамошно вештачење
Во тек на средата заврши снимањето со дрон на местото каде се случи авионската несреќа во близина на скопското село Кожле, а во вечерните часови се изготвени снимките и предадени на натамошно постапување во Основното јавно обвинителство Скопје, соопштуваат од ОЈО.
Снимките во корелација со останатиот прибран доказен материјал ќе бидат предмет на анализа на Јавните обвинители и стручните лица од формираниот тим за истрага на авионската несреќа, додаваат од ОЈО.
Во тек на средата во Институтот за судска медицина се пренесени телата на шестмината починати патници од авионот. По наредба на Јавен обвинител ќе биде спроведена постапка на нивна идентификација преку ДНА анализи, се вели во соопштението на ОЈО.
Во четврток на настанот екипите работат на подигање и пренесување на остатоците од авионот кои вчера во текот на увидот беа означени и обезбедени. Остатоците и другиот материјал ќе бидат пренесени на локација обезбедена од Основното јавно обвинителство Скопје, каде стручни лица ќе извршат неопходно вештачење. Поради обемноста на материјалот и потребите на истрагата, подигањето и пренесување на материјалот ќе продолжи и во текот на петок, додаваат од ОЈО./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетници се степале во автобус на ЈСП
Денеска во 11.30 часот во СВР Скопје, М.М.(53) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на 30.09.2024 околу 13.55 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, неговиот малолетен син и двајца негови малолетни другари биле физички нападнати од други малолетници, кои употребиле и тврд предмет.
Според МВР се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен малолетник: со нож повредил друг малолетник во скопски Карпош
Вчера во 12.00 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош лишиле од слобода малолетник од с.Чајлане, скопско, поради сомнение дека околу 07.30 часот на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, со остар предмет нападнал малолетник од с.Семениште, скопско, и му нанел убодна рана.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Сакајќи да купува, кичевец оставил 5.000 евра капар: останал без пари и без производот
Вчера во 16.40 часот во ОВР Гостивар, 35-годишник од Кичево пријавил дека бил измамен од едно лице од Гостивар за сума од 5.000 евра.
Според пријавеното, во јуни 2024 година тој отишол во продажен објект во Гостивар и од лицето побарал да купи одреден производ, но бидејќи моментално го немале производот, му оставил капар од 2.000 евра за што му била издадена потврда и се договориле во најбрз можен рок да го набави производот.
Како што е пријавено, лицето потоа му се јавило и побарало уште 3.000 евра, кои тој му ги дал преку друго лице.
Според пријавеното, ниту му бил испорачан производот, ниту му биле вратени парите.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.