Црна хроника
Осуден во „Детонатор“ сакал да пребега во Бугарија
Осуден во акцијата „Детонатор“, кој побегнал од затворот во Струмица и се обидел нелегално да пребега во Бугарија, бил фатен од граничната полиција.
Акцијата за фаќање на затвореникот ја извеле двете гранични полиции, на Македонија и на Бугарија, во меѓусебна координација.
Според оперативните сознанија, лицето по бегството од затворот, имало намера илегално да ја премине државната граница и илегално да влезе во Бугарија.
За таа цел, од страна на РЦ за ГР “Исток“ на повеќе места се поставени сигнални “фото камери“ за надзор на државната грaница. По добиен сигнал од СКАУТ камера поставена во близина на македонско-бугарската граница добиена е слика на две лица кои се движат кон државната граница при што по претходно подготвениот план за постапување на лице место излезени се групите за интервенција од РЦ за ГР Исток и Граничната полиција на Р.Бугарија, при што едното лице е фатено на местото на настанот во територијата на Р. Бугарија, а другото се дало во бегство кон територијата на Р.Бугарија.
Во координираната акција фатен е македонскиот државјанин Ѓ.И.(41) од Кочани, којшто побегнал од затворот во Струмица (инаку осуден во акцијата “Детонатор”) и притоа се сокривал во викендица во месноста Абланица, беровско. Потоа со такси возило се превезува до Ново Село, струмичко каде е пречекан од бугарски државјанин (кој е во бегство) а истиот бил ангажиран од друго лице, при што пеш го спроведува до државната граница со Р.Бугарија.
Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.