Црна хроника
Осум дена притвор за четворицата демонстранти
Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 им одреди мерка притвор во траење од осум дена на четворицата демонстранти против кои беа поднесени кривични пријави инцидентите што се случија на протестот пред Влада во понеделникот.
„Произлегува основано сомнение за кривичното дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие по член 384 став 1 од КЗ, оценил дека се исполнети условите согласно одредбите од Закон за кривична постапка и им одреди мерка притвор во траење од 8 дена, сметано од 05.05.2015“, соопштуваат од Судот.Против четворицата демонстранти, на возраст од 26 до 40 години, е поднесена кривична пријава „за учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување на службени дејствија“. Дел од осомничените демонстранти веќе имале кривични пријави за повеќе кривични дела, како и за нарушување на јавниот ред и мир.Освен нив, идентификувани се уште девет други лица, од кои седуммина од Скопје и две лица од Битола осомничени за насилни инциденти на протестите.Протестите во вторникот завршија со судир меѓу демонстрантите и полицијата, и на крајот на протестот имаше повредени полицајци и демонстранти и приведени лица. Протестите коишто беа организирани во средата, се одржаа пред Собрание и завршија без поголеми инциденти./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.