Црна хроника
Откриен 21 мигрант од Сирија
Вкупно 21 илегален имигрант од Сирија откриени се во изминатите денови од страна на македонската полиција во четири одвоени случаи, при што поиднесени се кривични пријави против осум лица за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“.
Во првиот случај кривичнопријавените С.Л. (43) и М.В. (47) и двајцата од Богданци на 27.10 по претходен договор со две ПМВ (“лада самара“ и “хундаи гец“) во близина на фабриката за приколки на АД Млаз – Богданци прифатиле 13 илегални мигранти од кои три малолетни деца со намера да ги превезат до КУманово (осум лица во ПМВ “лада самара“ и пет лица во ПМВ “хундаи гец“).
Во вториот случај пријавениот Ќ.А. (40) од Скопје со возило марка “голф 4“ со италијански регистарски таблички вчеравечер е сопрен од полициски службеници на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на Неготино при што во возилото се откриени петмина сириски државјани кои илегално од Грција влегле во државава со намера да стигнат до кумановско.
Потоа во третиот случај кривично пријавени се спрските државјани К.Н. (23) К.Г. (47) и Ф.С. (49) сите од Бујановац, Р. Србија, како и македонската државјанка В.Б. (38) од Куманово. Имено пријавените кои се превезувале со ПМВ “алфа ромео“ со српски регистарски таблички биле сопрени од страна на УПС од ПС за БПС Петровец, на автопатот Велес-Скопје, поточно кај клучката Катланово, при што во возилот биле затекнати и двајца сириски државјани без регулиран престој во државава.
И во четртиот случај кривично пријавен е Д.Т. (32) од Куманово кој со ПМВ “рено 4“ од центарот на градот прифатил еден сириски државјанин со намера за паричен надомест од 50 евра да го однесе до село Лојане. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата се повредени
Синоќа на булеварот Партизански одреди во Скопје мотоцикл „дукати“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.П.(27) од Скопје, удрил во пешакот Н.Ѓ.(30) од с.Рашче, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.