Црна хроника
Откриени 50 илегалци од Авганистан, Пакистан и Сирија во воз во Гевгелија
Вкупно 50 државјани на Авганистан, Пакистан и Сирија биле откриени во четврток во воз во Гевгелија, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Илегалците биле откриени во утринските часови на железничката станица во Гевгелија во товарен воз кој сообраќал на релација од Солун за Косово.
Странците, според информациите на МВР, се обиделе нелегално да ја преминат границата од Грција во Македонија.
Лицата биле предадени на граничниот премин Идомени во Грција, а воедно биле предадени и тројца Сиријци кои се обиделе нелегално да ја преминат границата, а биле откриени од страна на полицијата во Валандово.
На 1-ви овој месец на железничката станица во Велес беа откриени стотина илегалци од Сирија и Ирак во воз кој превезувал јаглен од Солун.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.