Црна хроника
Откриени двајца Пакистанци во багажник на „БМВ“
Двајца Пакистанци биле откриени во багажник во „БМВ“ при полициска контрола во петокот вечерта околу 22.45 часот во близина на Демир Капија кај Прждевски споменик на автопатот во правец Гевгелија – Скопје.
Полицајци го запреле автомобилот „БМВ“ со скопски регистерски таблици управувано од дваесет и тригодишен скопјанец. Во багажниот простор биле откриени две лица илегални мигранти од Пакистан.
Возачот бил приведен и задржан во полициска станица и против истиот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“, а мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.