Црна хроника
Откриени големи насади со канабис во кичевско
Вкупно сто и шеесет садници од растението „Canabis“, пронајдоа и одзедоа полициските службеници од полициската станица во Кичево. Акцијата е реализирана на 17-ти овој месец на различни локации кај местата „Башоски нивје“ и „Таироски нивје“ во атарот на кичевското село Туин.
Акцијата за одземање следуваше по претходни оперативни сознанија дека на подрачјето на кичевското село Туин има неколку парцели со добро затскриени насади со стебла во различна големина од растението „Canabis“.
Во акцијата, 108 садници се откорнати од неколку ниви во вкупна површина од 700 метри квадратни, кај месноста „Таироски нивје“ додека 52 стебла од ниви во површина од 40 метри квадратни кај „Башоски нивје“. Насадите, по преходна консултација со јавен обвинител се откорнати и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Полициската станица од Кичево презема натамошни мерки за утврдување на идентитетот на лица кои нелегално ги засадиле и одгледувале насадите од растението „Canabis“. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.