Црна хроника
Откриени и уништени три нови локации насадени со марихуана во тетовско
Три локации насадени со марихуана биле пронајдени и уништени во саботата во тетовско.
Како што соопшти полицијата, полицајците искорнаа вкупно 1.203 стебла од растението „канабис сатива“. Најголемиот број од стеблата биле пронајдени на три различни локации, односно парцели во атарот на село Порој, тетовското поточно во месностите „Табачница“ и „Големо дрво“, а 40 стебла биле искорнати на друга локација покрај патот што ги поврзува селата Џепчиште и Требош.
Сите стебла, со различна големина од четириесет сантиметри до два и пол метри, во координација со јавен обвинител, подигнати се и донесени во СВР Тетово. Извесна количина од нив ќе се вештачат и ќе се истражува, кој, кога и како ги засадил на тие површини.
Инаку, овие активности се во рамките на континуираната акција која минатиот и овој месец интензивно ја спроведуваат полициските службеници на СВР Тетово, а во која досега вкупно беа откриени и искорнати околу 3.000 стебла „канабис сатива“, од кои близу 2.000 на тетовското и 1.000 на поширокото гостиварско подрачје. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 153 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.