Контакт

Црна хроника

Откриени измами и мигранти, запленети девизи, алкохолни пијалоци, фалсификати и друго

Објавено пред

Во текот на минатата седмица царинските службеници откриле три измами, еден обид за нелегален влез на патници и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, алкохолни пијалоци, облека, техничка стока, стаклени чаши и фалсификати.

dobivaj vesti na viber

Вкупна сума од 15.500 евра е откриеноа во три одвоени случаи, при контрола на три патнички возила, пријавени за излез од државата, на граничниот премин Богородица.

Во првиот случај, при контрола на полски автомобил, управуван од полски државјанин, во рачна ташна сместена на совозачкото седиште, биле пронајдени 18.500 евра, за кои не поседувал документ за потекло и потврда за пријавени готови пари на влез во Република Македонија. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а 8.500 евра биле привремено задржани.

Во вториот случај, при личен претрес на двајца македонски државјани кои патувале со македонски автомобил, во преден џеб од јакната на сопатникот во возилото биле пронајдени 6.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 4.000 евра биле привремено задржани.

Во третиот случај, при личен претрес на македонски државјанин, кој управувал македонски автомобил, во паричник сместен во заден џеб од неговите панталони, биле пронајдени 5.000 евра за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а 3.000 евра биле привремено задржани.

Во сите три случаи, против патниците се поднесени барања за поведување прекршочни постапки.
Уште 3.500 евра се откриени при личен претрес на македонски државјанин кој управувајќи македонски автомобил се пријавил за излез од државата на граничниот премин Табановце – автопат. Во внатрешен џеб од јакната на возачот биле пронајдени 5.500 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Во другите случаи македонските цариници заплениле алкохолни пијалаци, облека, техничка стока и чаши

Виски во вкупно количество од 14,5 литри разни алкохолни пијалаци (од брендовите Jim Beam од 0,7 л, Јohnnie Walker Red label од 0,7 л, Gorbatschow од 0,7 л, Three Sixty од 0,7 л, Jegermeifter Winterkrauter од 0.7 л и други), се откриени при контрола на автомобил со привремени германски таблички, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените пијалаци, пронајдени во куфер, сместен во багажникот на возилото се привремено задржани, а против возачот е поведена соодветна постапка.

241 парчиња облека за деца и возрасни (елеци, кошули, блузи, долни тренерки и дуксери), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран. Непријавените производи, пронајдени во повеќе кеси сместени под седиштата, под патосниците и во багажниот простор, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Три засилувачи на звук, од марките Mesa- Boogie Five -Band Graphic, Mesa -Flux –Five и Ampli Fire –Atomic, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патниот куфер на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавените производи се привремено задржани, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

360 стаклени чаши, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, извршена во близина на влезот во Струга. Во багажникот и на задното седиште на возилото биле пронајдени вкупно 60 кутии со стаклени чаши за кои возачот не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки, поради што истите се привремено задржани, а против возачот е поднесено барање за поведување прекршочна постапка.

Запленети се и стоки за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост
Така 445 долни тренерки со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на турски камион натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран.

332 чифта обувки (детски топлинки и папучи за возрасни) со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на стока со потекло од Италија, наменета за увозник од Скопје, пријавена за увозно царинење во царинската испостава Скопје 1.

Во двата случаи, поради сомневање дека се повредени права од интелектуална сопственост, производите се привремено задржани и согласно законските прописи ќе бидат поведени постапки за утврдување на нивната оригиналност.

Случја на измама е регистрирана во царинските испостави Табановце автопат – отсек за стоково царинење и Деве Баир – отсек за стоково царинење се откриени по еден обид за избегнување плаќање на увозни давачки со погрешно декларирање на вредноста на стоката.

Во првиот случај, увозник од Скопје, со две царински декларации во царинската испостава Табановце автопат – отсек за стоково царинење, пријавил за увозно царинење мандарини, со потекло од Хрватска. Поради сомневање дека декларираната царинска вредност на стоката е нереално ниска, била извршена проверка во базата за царинска вредност на Царинската управа, од каде било утврдено дека идентична стока во приближно исто време била увезена по повисока вредност од декларираната, врз основа на што се изготвени два записници за царинска вредност и пресметани се дополнителни увозни давачки во вкупен износ од околу 34 илјади денари.

Во вториот случај, во царинската испостава Деве Баир – отсек за стоково царинење, увозник од Скопје пријавил за увозно царинење 23.240 кг средства за перење, средства за миење садови и омекнувачи со ознаки на заштитени трговски марки. Нереално ниската декларирана вредност на производите, била причина царинските службеници да се посомневаат дека се работи за фалсификати на заштитени трговски марки поради што истите биле привремено задржани и била поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност. Откако било добиено известување дека производите се оригинални, бил изготвен записник за утврдување на царинската вредност и биле пресметани дополнителни увозни давачи во износ од околу 140 илјади денари.

Во царинската испостава Скопје 1 е откриен обид за избегнување на плаќање на увозни давачки со погрешно тарифирање на стока.

Увозник од Скопје пријавил за увозно царинење моторно возило декларирано во тарифна ознака за товарно возило. При извршена контрола на документите и физички преглед на возилото, било утврдено дека истото треба да се распореди во тарифна ознака за патничко (вклучувајќи и комбинирано) моторно возило. Врз основа на новоутврдената тарифна ознака, пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од околу 20 илјади денари.

Во текот на минатата недела, на железничката станица Гевгелија е откриен еден обид за нелегален влез на патници во државата. При контрола на товарен воз со празни вагони, пријавен за влез во државата, биле откриени 5 илегални мигранти со потекло од Сирија, Алжир и Мароко. Мигрантите се предадени на полициската служба од железничката станица, за понатамошна постапка./крај/мф

Црна хроника

Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце

Објавено пред

Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.

dobivaj vesti na viber

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Топ

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Објавено пред

Радовишанец со месеци силувал малолетничка

dobivaj vesti na viber

Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз

Објавено пред

Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија3 часа

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ4 часа

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија5 часа

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија6 часа

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија7 часа

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија7 часа

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...

Македонија7 часа

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија8 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија18 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија19 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија19 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија20 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија21 час

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија22 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија22 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија22 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија22 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...