Црна хроника
Паднал од електричен тротинет: тешко повреден маж од Кавадаречко
Во ОВР Кавадарци вчера било пријавено дека околу 22:00 часот на улица „Маршал Тито“ во село Сопот, кавадаречко, И.А.(43) од с.Сопот, управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Општа болница Кавадарци.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
