Црна хроника
Педесетгодишна жена загина во сообраќајката кај „Зебра“
Педесетгодишната Сузана Т. П. од Скопје загина во сообраќајката што се случи во вторникот вечерта околу 20 часот на улица „Васил Ѓоргов“, кај трговскиот центар „Зебра“, во скопската населба Капиштец.
Автомобил „oпел корса“ со скопски регистерски таблици со голема брзина преку скали влетал во еден од излозите на околните згради. Жената починала на лице место и безуспешни биле обидите да и се пружи помош. Возачот на автомобилот, триесет иседумгодишниот Б.Б. од Скопје и неговата сопатничка, триесет итригодишната Ј.П. со телесни повреди се пренесени во Ургентниот центар. Сопатничката е пуштена на домашно лекување, додека возачот е задржан за понатамошно лекување.
Според првичните информации, возачот со десниот дел од автомобилот удрил во Сузана по што удрил во метална ограда и преку скали завршил во излог.Полицијата извршила увид на лице место и сите докази ќе ги предаде во јавното обвинителство, од каде ќе се води истрагата. Земени се крв и урина од возачот за да се утврди дали бил под дејство на алкохол. По неговото опоравување обвинителството ќе го преземе случајот и ќе ја утврдува неговата одговорност./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.