Црна хроника
Педофил вршел полов напад врз 11 годишно девојче
Единаесет годишно девојче било жртва на полови напади од страна на братучед на сопругот на мајката на девојчето.
Како што соопшти полицијата, Ј.Т. (37) од Прилеп, заедно со нејзината петнаесетгодишна ќерка, пријавила дека летото 2012 година Б.Т. од с.Заполжани, братучед на нејзиниот сопруг, во период од две недели, во повеќе наврати, извршил полови напади врз нејзината ќерка, која тогаш имала 11 години. Според мајката на девојчето, во периодот додека таа и нејзиниот сопруг Т.Т. биле да берат тутун, неговиот братучед Б.Т. влегувал во нивната семејна куќа во с.Заполжани и, во собата каде што спиеле нивните деца, извршувал полови дејствија врз нивната малолетна ќерка. Тоа се случувало во период од две недели, се додека девојчето не му кажало на сторителот дека ќе го каже на нејзиниот татко. Оттогаш па сѐ до 2015 година Б.Т. немал никаков физички контакт со девојчето. Во тој период и испраќал СМС пораки на мобилен телефон и пораки на Фејсбук. Истата, поради срам и страв не го пријавила делото. Во јули оваа година сторителот повторно во неколку наврати го повторил делото. За настанот е запознаен Јавен обвинител. ПС ОН Прилеп презема мерки за целосн расчистување на случајот. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.