Црна хроника
Пенасетгодишник го избодел својот врсник во Тетово
Во тепачката којашто во петокот попладнето се одигра во поранешното Средно медицинско училиште во Тетово, со три убода од ноже сериозно беше повреден 16-годишен ученик, а како напаѓач е идентификуван една година помлад соученик.
Во петокот околу 16 часот во Тетово во на територијата на поранешното Средно медицинско училиште, се случи тепачка меѓу две групи малолетни лица во која со повреди се здоби 16 годишно лице на кое во тепачката му беа нанесени три убодни рани со нож, информираа во саботата од тетовската полиција.
На повредениот му била укажана лекарска помош во Ургентен центар Скопје, каде што поради сериозноста на повредите е задржан на натамошно лекување.
По преземени интензивни мерки идентификуван е сторителот, односно станува збор за 15-годишен малолетник, исто така, од Тетово, кој со неговиот родител во саботата навечр бил повикан на разговор во Полициската станица Тетово. По разговорот во домот на малолетникот бил пронајден ножот за кој се претпоставува дека го употребил во тепачката. По целосно документирање на случајот, тетовската полиција најави дека ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.