Контакт

Црна хроника

Пензиониран полковник на АРМ фатен во криминал тежок 935.000 евра

Објавено пред

Пензиониран полковник на АРМ од Штип се сомничи за финансиски криминал тежок 935.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Финансиската полиција спроведе предистражна постапка кај фирмите „Стар Груп“ од Скопје, „Витамин Ага“ од Гостивар, „Ванекс“ од Тетово, „Златен Клас“ Куманово, „Златен Клас Род“ Куманово и „Златен Клас Џуна“, исто така, од Куманово, при што откри постоење на основано сомневање за сторен финансиски криминал тежок 935.000 евра.Според податоците од предистражната постапка, шесте осомничени фирми преку нивните сопственици и управители во изминатите неколку години најголем дел од нивното деловно работење го вршеле незаконски, односно производите кои ги произведувале или увезувале од странство, ги продавале за готови пари, на црно без притоа да ги пресметаат и да ги платат даночните обврски кон државата.До основното јавно обвинителство во Скопје поднесена е кривична пријава против лицата Х.Д сопственик и управител на правниот субјект „Стар Груп ДОО“ Скопје и С.С од Штип. Првопријавениот Х.Д во својство на сопственик и овластен потписник на правниот субјект Стар Груп ДОО, во период од 2011 до 2014 година, свесно и со однапред утврдена намера, со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговската стока евидентирана на залиха во вкупна вредност од 428.000 евра, ја продал за готовински парични средства без притоа да изготви соодветна документација за продажбата и да ја евидентира во своето сметководство. Со ваквата постапка сопственикот на Стар Груп ДОО од Скопје се стекнал со противправна имотна корист во износ од 163.000 евра на име затаен данок. За да го прикрие кривичното дело, на почетокот на 2014 година првопријавениот Х.Д се сретнал со штипјанецот С.С инаку пензиониран полковник на АРМ, при што договориле за одреден паричен надоместок С.С со помош на лицето Р.Т, исто така, од Штип да организира фиктивна продажба на правниот субјект Стар Груп ДОО Скопје на странскиот државјанин Кирил Рајчов Николов од Ќустендил, Бугарија. Бугарскиот државјанин најверојатно несвесен што потпишува, за сума од 50 лева, на нотар во Бугарија го ополномоштил лицето Р.Т во негово име и за негова сметка во Македонија поточно на нотар во Штип да ја преземе сопственоста и управувањето со „Стар Груп“ ДОО Скопје, со сите права и обврски. По потпишувањето на договорот за пренос на удел кај нотарот во Штип, Р.Т како награда од својот партнер С.С добил паричен надоместок од 500,00 денари а тој пак од првопријавениот Х.Д, наплатил сума од 1.200 евра. Истата шема била употребена и при фиктивната продажба на „Витамин Ага“ ДОО од Гостивар која е во сопственост на пријавениот А.Ш од Гостивар, кој во периодот од 2011 до 2013 година свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговската стока евидентирана на залиха во вкупен износ од 649.000 евра ја продал за готовински парични средства без притоа да изготви соодветна документација за продажбата и да ја евидентира во своето сметководство со што на име неплатени даноци од државната каса си заработил 182.000 евра. За да го прикрие криминалот и да се ослободи од фирмата, пријавениот А.Ш го ангажирал С.С од Штип кој заедно со Р.Т исто така од Штип заминале во Република Бугарија поточно во Ќустендил за да најдат лице кое ќе ја преземе фирмата. За таа цел, на почетокот на 2014 година во Ќустендил, С.С и Р.Т се сретнале со лицето Рачо Борисов Рачев кој го измамиле да потпише полномошно на нотар за лицето Р.Т, за наводно да му најдат работа во Германија. За потписот на полномошното на Рачев му била платена награда од 50 лева. Врз основа на уредно завереното полномошно, Р.Т кај нотар во Штип во име и за сметка на бугарскиот државјанин, склучил договор за пренос на сопственоста на правниот субјект „Витамин Ага“ ДОО од Гостивар со сите права и обврски.Пензионираниот полковник С.С истата шема за преземање на криминално задолжена фирма ја употребил и за правниот субјект „Ванекс експорт-импорт“ од Тетово, фирма која е во сопственост на лицето В.Т од Тетово. Според податоците до кои дојде Финансиската полиција, оваа фирма во периодот 2009-2014 година залихата на трговска стока во вредност од 410.000 евра ја продала за готовински парични средства без притоа да изготви соодветна документација за продажбата и да ја евидентира во своето сметководство при што државата е оштетена на име даноци за вкупно 115.000 евра.Најголем финансиски криминал сепак е откриен во кумановските фирми „Златен Клас“ ДООЕЛ, „Златен Клас Род“ и „Златен Клас Џуна“. И овде организатор е истиот С.С од Штип заедно со неговиот партнер Р.Т од Штип.Првопријавен за овој случај е М.П сопственик и управител на правниот субјект Златен Клас ДООЕЛ Куманово кој се сомничи дека во периодот 2011-2013 година, со цел да се стекне со противправна имотна корист на штета на државниот буџет, набавената трговската стока евидентирана на залиха во вкупен износ од 415.000 евра ја продал за готовински парични средства без притоа да изготви соодветна документација за продажбата и да плати данок во износ од 116.000 евра. Првопријавениот М.П со својот поход за неосновано богатење на сметка на Република Македонија и други коминтенти со кои имал деловна соработка, не запрел тука. Имено, свесен дека има заостанати обврски по основ на закупнина за користење на државно земјоделско земјиште за тековните години 2010, 2011, 2012 и 2013 година за што на Министерство за Земјоделство, шумарство и водостопанство му должел вкупно 132.000 евра и свесен дека на Фабриката за квасец и алкохол АД Битола по основ на набавена стока и должи сума од 122.000 евра, решил во целост да го обезвредни правниот субјект Златен Клас ДООЕЛ Куманово на начин што целокупниот имот на фирмата во текот на 2014 година наводно го продал на фирмата Златен Клас РОД – фирма во сопственост на неговата сопруга Р.П. Доказ дека продажбата на имотот е фиктивна говори и фактот дека купувачот не извршил плаќање за купениот имот. И во оваа фингирана трансакција М.П сторил финансиски криминал бидејќи при наводната продажба не е пресметано и платено ДДВ во износ од 105.000 евра.За да се прикријат кривичните дела сторени со правниот субјект Златен Клас ДООЕЛ Куманово, првопријавениот  М.П ги ангажирал штипјаните С.С и А.Д кои на 05.05.2014 година успеале правниот субјект фиктивно без надомест да го префрлат со сите права  и обврски на бугарскиот државјанин  Асенова Сашева Џуна од Ќустендил. За добро завршената работа, С.С од газдата на Златен Клас ДООЕЛ си наплатил награда од 500 евра а на бугарската државјанка кој не била свесна дека е измамена и платил сума од 50 евра.По претходно добиена Наредба за претрес на дом и помошни простории издадена од Основен суд Штип, извршен е претрес во домот на главниот организатор на криманалните активности С.С од Штип, при што е пронајдена документација која се однесува на правните субјекти кои со неговиот ангажман се пренесени на државјани на Република Бугарија. При претресот кај пријавениот пронајдени се и два преносни компјутери (лаптопи), во кои од извршениот увид од страна на овластено службено лице на Управата за финансиска полиција, утврдено е дека истите се користени за креирање на документација за превземање односно фиктивна продажба на фирмите кои се осомничени за финансиски криинал. Компјутерите и целокупната пронајдена документација се одземени и ќе бидат предмет на натамошно вештачење.Во истражувањето на случаите, активно се вклучи и ИНТЕРПОЛ Бугарија кој ги обезбеди сите инволвирани бугарски државјани кои станале сопственици на македонските фирми осомничени за финансиски криминал тежок 935.000 евра при што од истите се обезбедени изјави со кои детално ги потврдуваат наодите од пријавите на Финансиската полиција.Со четирите поднесени кривични пријави до Основните јавни обинителства во Скопје, Гостивар, Тетово и Куманово за кривичните дела „Даночно затајување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“, и „Помагање на сторител по извршено кривично дело“, пријавени односно осомничени се вкупно 8 физички и 6 правни лица за вкупна штета од 935.000 евра./крај/мф/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга

Објавено пред

Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.

dobivaj vesti na viber

„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички

Објавено пред

Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.

dobivaj vesti na viber

По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија

Објавено пред

Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.

dobivaj vesti na viber

На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Ќе го оставиме срцето на терен за интересот на Македонија, рече Мицкоски и најави позитивна кампања

Ние водиме позитивна кампања, кампања на проекти, кампања на надеж, кампања која ќе ја врати довербата во институциите по шест...

Македонија5 часа

(Видео) „Нема откажување од иднината“ – СДСМ и коалицијата „За европска иднина“ го означија почетокот на кампањата за парламентарните избори

Со настан во Музејот на современа уметност, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Kоалицијата за европска иднина, го означија почетокот на...

Македонија6 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија6 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија6 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија9 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет10 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет10 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија20 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ1 ден

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија1 ден

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ1 ден

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија1 ден

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија1 ден

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија1 ден

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија1 ден

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион1 ден

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...