Црна хроника
Пет малолетници повредени во сообраќајка на патот Пониква-Кочани
Пет малолетни момчиња се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во вторник изутрина на патот Пониква – Кочани, кај местото викано Бела земја.
Полицијата информира дека несреќата се случила денеска во утринските часови, околу 5 часот, кога автомобилот ’голф’, што го управувало 17-годишно момче од Кочани, а во кој се наоѓале момчињата, излетало од патот. Четири повредени биле пренесени во болница во Кочани, а едно момче било пренесено на клиника во Скопје.
Полицијата и јавен обвинител извршиле увид на лице место, а причините за несреќата сé уште се утврдуваат.
На истиот пат пред една недела во сообраќајка загина 23-годишна бремена девојка од Кочани, а три лица беа повредени кога автомобилот во кој се превезуваа излета од патот и падна во амбис.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.