Црна хроника
Пет нови случаи на кражби на македонски регистарски таблички во Грција
Во неделата, на граничните премини „Богородица“ и „Меџитлија“ пријавени се пет кражби на регистарски ознаки од возила на македонски туристи, информираат од МВР.
На Г.П. „Богородица“, пријавено е дека на патничко моторно возило “Renault” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Е. во туристичкото место “Олимпик Бич” украдени и се двете регистарски ознаки, на истиот граничен премин пријавено е дека на патничко моторно возило „Opel“ со велешки регистарски ознаки, управувано од страна на лицето К.Т., во туристичкото место „Катерини – Паралија“ украдени му се исто така двете регистарски ознаки.
На ГП „Меџитлија“, кражба на регистарски ознаки пријавиле L.R.A. од Битола, кој управувал патничко моторно возило марка „VW Passat“ со скопски регистарски ознаки, а летувал во местото „Паралија“, М.Ј. од Ресен, кој управувал патничко моторно возило марка „Opel Astra“ со охридски регистарски ознаки, а летувал во местото „Олимпик Бич“ и В.Д. од Охрид која управувала патничко моторно возило марка „Opel Astra“со охридски регистарски ознаки, а летувала исто така во местото „Олимпик Бич“. Сите пет случаи се пријавени во грчката полиција.
Исто така на ГП „Меџитлија“ на 27.07.2014 година пријавено е оштетувањето од страна на лицето И.К. која управувала патничко моторно возило марка „VW Scirocco“ со битолски регистарски ознаки. Имено, на двете регистарски таблички им бил оштетен кодот „МК“ (прекриен со црн спреј), а на самото возило имало и оштетувања со црн спреј на предниот дел од ПМВ на хаубата и на задниот дел поточно на вратата од гепекот со натпис ,,SLAV“. Настанот се случил во туристичкото место „Лептокарија“, а за истиот е известена и грчката полиција, но не е добиен записник.
Инаку, како што претходно МВР ја информираше јавноста, годинава во два наврати беа регистирани оштетувања на возила и кражби на регистарски таблици на македонски граѓани, така што досега бројот на оштетни возила и регистарски ознаки достигна до три, а украдени се регистарски таблички вкупно од седум возила на македоски туристи./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.