Црна хроника
Пет тонa дрога запленета на аеродромот во Цирих
Цариниците на меѓународниот аеродром во Цирих, најголемиот во Швајцарија, заплениле рекордно количество од 4.441 килограм кат, листови од растението кое се користи како дрога, соопшти во средата тамошната полиција.
Во контролата, преземена по дојава, на поштенски пратки во периодот меѓу 24-ти март и 6-ти април, царинските и полициските службеници на циришкиот аеродром заплениле вкупно 495 поштенски пратки со кат. Пратките доаѓале од Кенија и од Танзанија, а носеле декларации во коишто било наведено дека содржат лисја од чај, к’на за боење коса и зачини.
Поголемиот дел од сушените листови кат, од 4.290 килограми, бил наменет за пазарите во Северна Америка, Европа и Азија. Околу 150 килограми биле наменети за корисници во самата Швајцарија.
Листовите на ова растение се џвакаат додека се свежи, додека од сушените се прави чај или се мешаат со тутун или со марихуана и се пушат. Консумирањето на оваа дрога предизвикува еуфорија, но и губење на апетит и на сон, како и пореметувања во работата на срцето.
Катот најмногу се консумира на тнк Африкански рог и во Јемен. Консумирањето на кат од 1-ви јули 1992 година во Швајцарија се казнува според законот за борба против дрогите./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.