Црна хроника
Петмина полицајци повредени во сообраќајка кај Бродец
Во саботата навечер околу 21 часот на локалниот пат за селата Брест и Бродец крај Скопје, во близина на селото Бродец, се случила сообраќајна незгода во која униформиран полициски службеник, управувајќи полициско возило „дефендер“, загубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво, информираше во неделата Министерството за внатрешни работи.
Во инцидентот со телесни повреди се здобил возачот и уште четворица полициски службеници. од кои тројца се пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“, од каде по укажаната лекарска помош двајца се пуштени на домашно лекување, додека третиот е задржан на лекување.
Другите сопатници се пренесени во Универзитетскиот центар Скопје, каде што се констатирани се телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.
Увид на лице место извршила екипа од Секретаријатот за внатрешни работи Скопје. Од незгодата причинета е материјална штета која првично е проценета на околу 80 илјади денари денари./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.