Црна хроника
Петнаесетгодишно девојче загина во „БМВ“ коешто го управувал малолетник
Петнаесетггодишно девојче загина, а друга малолетничка е тешко повредена во сообраќајна несреќа што се случила во неделата попладне околу 16.30 часот во тетовското село Градец.
Како што соопштуваат од МВР, во автомобилот „БМВ“ со италијански регистерски таблици којшто го управувал четиринаесетгодишен малолетник имало вкупно шест патници, возачот и уште пет сопатнички, сите малолетни од селото Градец. Автомобилот излетал од коловозот, се превртел и паднал во канал за наводнување. Едната сопатничка починала на лице место, друга четиринаесетгодишна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди и е пренесена во Ургентниот центар во Скопје, додека другите три сопатнички сите на возраст од 15 години и возачот на автомовбилот се здобиле со телесни повреди и се пренесени во медицинскиот центар во Тетово.Полицијата ги утврдува причините за несреќата./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
167 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје вчера продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење…
Црна хроника
Четири лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Четири лица пријавиле во полициска станица дека биле искасани од кучиња скитници вчера во Скопје.
На 26.03.2024 во 12.55 часот во Полициската станица Центар, А.К.(24) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орце Николов“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.35 часот во Полициската станица Центар, И.А.(60) од Скопје пријавил дека на ул.„Радњанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 13.50 часот во Полициската станица Центар, В.В.(57) од Охрид пријавил дека во Скопје, на подрачјето на Центар бил каснат од куче скитник.
На 26.03.2024 во 12.45 часот во Полициската станица Аеродром, Д.К.(53) од Скопје пријавила дека на ул.„Беласица“ во Скопје била касната од куче скитник.
Црна хроника
Кумановец измамен од две лица за 800 евра, му кажале дека направиле сообраќајка и му дале лажни дијаманти во замена за пари
Вчера во 14.30 часот во СВР Куманово, 73-годишен маж од Куманово пријавил дека на плоштадот „Македонија“ во Скопје бил измамен од две лица за сума од 800 евра, извести МВР.
„Според пријавеното, лицата му кажале дека направиле сообраќајна незгода и дека им требаат парите за да одат на лекар и за возврат ќе му дадат дијаманти, а откако ќе завршат ќе се вратат и ќе му ги дадат парите. Како што е пријавено, тој им ги дал парите, а тие му дале накит за кој подоцна утврдил дека е бижутерија. Исто така, според пријавеното, лицата не се вратиле, по што сфатил дека е измамен“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.