Црна хроника
Пијан каснал полицаец, скопјанец ранет од пиштол
Видно алкохолизиран жител на Чашка ноќта кон понеделникот нападнал полициски службеници, при што едниот го каснал за раката, а во Скопје, исто така, во раката е ранет жител на населбата Шуто Оризари откако во него од пиштол пукал негов сограѓанин.
Видно алкохолизиран жител на Чашка ноќта кон понеделникот нападнал полициски службеници, при што едниот го каснал за раката, а во Скопје, исто така, во раката е ранет жител на населбата Шуто Оризари откако во него од пиштол пукал негов сограѓанин.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во неделата околу 19.25 часот во Скопје на улицата „Шуто Оризари“, лице кое е идентификувано како Ј.Б. од Скопје, со пиштол пукал кон С.Д. при што го погодил во пределот на десната рака, по што напуштил местото на настанот. Ранетиот е згрижен во Градската општа болница Скопје, додека полицијата презема мерки за расчистување, се наведува во билтенот на МВР.Ноќта кон понеделникот, околу 1.55 часот во населбата Чашка, велешко, во угостителскиот локал „Дац“, физички биле нападнати полициски службеници при интервенција по претходно нарушен јавен ред и мир, од страна на 55-годишниот локален жител В.Б.Приведениот, кој бил видно под дејство на алкохол, физички го нападнал прво едниот полициски службеник, удирајќи го со двете раце во градите, а другиот полициски службеник го каснал во пределот на левата рака. Меѓутоа, и по приведувањето во полициската станица, растревожениот насилник повторно физички нападнал полициски службеник удирајќи го со глава во пределот на градите.Полицискиот билтен од изминатото деноноќие бележи и случај на автомобил „опела астра“, во сопственоста на 40-годишен жител на Велес кој инцидентот го пријавил вечерта околу 21 часот. На месото на инцидентот извршен е увид од страна на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес и увидна екипа од Секретаријатот за внатрешни работи Велес. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, како и за причините кои довеле до пожарот на приватното возило./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.