Црна хроника
Пијан кичевец прегазил двајца пешаци, едниот починал
Пијан кичевец во средата вечерта со автомобил „опел вектра“ прегазил двајца пешаци, а еден од нив починал на лице место.
Сообраќајката се случила околу 23.45 част на улицата „Прилепска“ во Кичево. Триесет и шестгодишниот возач удрил во двајцата пешаци на возраст од 54 години и избегал од местото на сообраќајката. Едниот пешак починал на лице место, додека другиот со телесни повреди, по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Кичево е пуштен на домашно лекување. Возачот и возилото биле пронајдени 45 минути по полноќ.По алкотестирањето на возачот било утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,02 промили. Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ПС-Кичево. По наредба на ЈО, телото на починатиот е дадено на обдукција./крај/мф
Извор: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.