Црна хроника
Пијан струмичанец кршел стакла во Центарот за социјални работи
Струмичанец во алкохолизирана состојба дивеел во саботата во Центарот за социјални работи при што искршил неколку стакла во просторијата.
Соред МВР, на 24.01.2015 година во 15,20 часот во Струмица на ул.„Ленинова“, во просториите на ЈУМЦСР-Струмица, А.К.(1973) од Струмица, фрлил тула со која го искршил стаклото на просторијата, по што тулата удрила во ѕидот и паднала во близина на шалтерите каде биле вработените.
Потоа зел една бетонска плочка со која го искршил стаклото на влезната врата и со нога почнал да удира по стаклото од просторијата каде биле вработените и истото го оштетил. Од страна на УПС, тој е приведен во ПС-Струмица, извршено му е алкотестирање и утврдено присуство на алкохол во крвта од 2,07 промили.
Истиот е задржан во ПС до отрезнување, а во консултација со ЈО ќе му биде поднесена кривична пријава. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.