Контакт

Топ

Пијан удрил пешак и избегал: уапсен 52-годишник од Охридско

Објавено пред

Вчера во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот З.Ј. од село Горно Лакочереј, охридско, удрило во пешакот 55-годишниот А.Н. од село Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Охрид, возачот З.Ј. е пронајден и по наредба на јавен обвинител е лишен од слобода и возилото е одземено, а при извршени проверки било констатирано дека З.Ј. е под дејство на алкохол, односно има 2,78 промили алкохол во крвта.

И кај А.Н. е утврдено дека има 1,34 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Филков за протестите за полагање на правосуден испит: Македонскиот јазик не е пречка, тој е обврска

Објавено пред

Најостро реагирам на обидот, полагањето на правосудниот испит да се претвори во поле за политички притисок и етничка конфронтација. Правосудниот испит не е прашање на политика, туку прашање на стручност, професионалност и почитување на правниот поредок на државата. Обидите да се прикаже законската обврска за познавање на македонскиот јазик како дискриминација се опасна манипулација со јавноста и директен удар врз уставниот поредок, реагира министерот за правда Игор Филков за протестите.

„Македонскиот јазик е службен јазик на целата територија на Република Северна Македонија и темел на институционалниот и правниот систем.

Недозволиво е чувствителни теми што директно го засегаат правниот систем да се користат за собирање политички поени или за создавање меѓуетнички тензии.

Правосудниот испит се спроведува согласно важечките закони и професионални стандарди, а не според дневно-политички агенди или притисоци од улица. Правото на протест е демократско право, но никој нема право преку насилни протести да бара уривање на критериумите и стандардите во правосудството“.

Министерството за правда, додава тој, останува отворено за аргументиран институционален дијалог, но нема да дозволи девалвација на правосудниот систем, ниту поткопување на улогата на македонскиот јазик како столб на државноста и институционалниот поредок.

Македонскиот јазик не е пречка — тој е обврска, уставна вредност и гаранција за функционирање на државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче: Во Владата на Мицкоски врие од бугарски пасоши

Објавено пред

Од

Граѓаните добија уште едно јавно и многу јасно признание од организираната криминална група на Христијан и ВМРО, а тоа е дека во владата врие од луѓе со бугарски пасоши. Одбија да го прифатат предлог-законот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, со кој премиерот, вицепремиерите, министрите и членовите на Владата не би можеле да имаат двојни државјанства, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој вели дека не го поддржале предлогот затоа што така пола влада требало веднаш да си замине.

„Може целата влада да биде составена од луѓе кои во џебот имаат бугарски пасоши, ама Бугари во Уставот, тоа не може“, рече Филипче.

„Со години ширеа хистерија, ширеа страв и ги лажеа граѓаните дека е загрозен нашиот национален идентитет. Токму од овие луѓе кои, замислете, во џебовите имаат бугарски пасоши. Вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници, директори, цела мрежа на функционери на ВМРО-организираната криминална група со бугарски пасоши со години продава лажен патриотизам, додека тивко си обезбедувале европски документи за себе и за своите семејства. И додека ја држат Македонија во изолација и намерно создаваат конфликти со соседите, си ја обезбедиле само за себе својата европска иднина“, рече лидерот на СДСМ.

Според него, одбивањето да се прифати овој предлог-закон на СДСМ целосно ја разобличува нивната лицемерна политика.

Тој вели дека со внесувањето на Бугарите и другите малцинства во Уставот се зајакнува нашиот национален идентитет, сите идентитетски одредници, бидејќи тогаш, како што кажа, јасна е дистинкцијата помеѓу македонскиот народ и бугарското малцинство кое живее тука.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со новиот закон за игрите на среќа, македонскиот филм добива нова шанса за развој, сметаат филмските работници

Објавено пред

Од

Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ) ја поздравува одлуката за усвојување на предлог-законот за игри на среќа и за забавните игри, кој влегува во Собраниска процедура, а со кој се предвидува Агенцијата за филм да добива 3% од уплатените давачки од игрите на среќа.

„Ваквиот потег на Владата недвосмилено покажува голема поддршка и препознавање на успехот кој години наназад го постигнуваат македонските филмови и покажува силна решеност за поттикнување и зајакнување на развојот на филмската дејност во Македонија. Овој механизам ќе овозможи уште поголема и посистематизирана поддршка на домашната филмска продукција и меѓународните копродукции, исплата на заостанатите долгови, како и повторно отворање на конкурсите за пишување на сценарио, развој на проекти, пост-продукција, промоција и ТВ серии“, велат од ДФРМ.

Од таму велат дека првпат чувствуваат дека нивната работа е видена и препознаена.

„Ние филмаџиите, после многу години борба и апелирање за состојбите во дејноста, за прв пат чувствуваме дека нашата работа е видена и препознаена, а нашиот глас слушнат од страна на државата, за што сме благодарни. Друштвото на филмските работници на Македонија останува на располагање на Агенцијата за филм и сите останати државни институции за соработка и стручна консултација за понатамошен развој на филмската дејност“, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт5 часа

Челзи ќе покрене судска постапка против Сити

Челзи и Манчестер Сити наскоро би можеле да завршат во сериозна правна битка околу Енцо Мареска. Според англиските медиуми, клубот...

Спорт5 часа

(Видео) Борнмут го запре Сити, Арсенал е шампион по 22 години

Арсенал е новиот шампион на Англија. Во натпреварот од 37-то коло од Премиер лигата, Манчестер Сити ремизираше 1:1 на гостински...

Свет7 часа

Путин со делегација од министри и високи функционери пристигна во Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна денеска дводневната посета на Кина, каде што со кинескиот лидер Ши Џинпинг ќе разговара...

Култура7 часа

„Златен Елец“ подготвува две нови претстави: „Свињи“ и „Теорема“

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје, неодамна почна со подготовки на дуодрамата „Свињи“ од Томислав Зајец во режија и адаптација...

Македонија7 часа

Сиљановска-Давкова: Наместо Копенхашки реформи, трошиме енергија на политичка ревизија на историјата

Претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на посетата на Република Словенија, одржа предавање на Правниот факултет при Универзитетот во Љубљана, на...

Свет7 часа

Чешкиот премиер и претседателот во конфликт за тоа кој ќе патува на самитот на НАТО

Чешкиот премиер Андреј Бабиш и претседателот Петр Павел влегоа во отворен конфликт околу прашањето кој ќе ја претставува државата на...

Спорт7 часа

Аферата „Спајгејт“ го остави Саутемптон без можност да се бори за место во Премиер лигата

Иако на теренот изборија место во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата, фудбалерите на Саутемптон нема да се...

Спорт8 часа

Шок: Алкараз нема да игра и на Вимблдон

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го откажа настапот на најпрестижниот турнир во светот, Вимблдон. Алкараз имаше одличен почеток на сезоната, го...

Забава8 часа

Северина: Во друг живот ќе бидам Хајди во кломпи

Во интервју за „Ин Магазин“, Северина искрено зборуваше за мајчинството, животните предизвици и борбата за женски и човекови права. Таа...