Црна хроника
Пијан возач на „југо“ прегазил велосипедист, му го скршил черепот
Автомобил „југо“ во неделата вечeрта прегазил велосипедист во Охрид, кој се здобил со скршеници на черепот и по останатите делови на телото како и крварење на мозокот, соопштуваат од СВР Охрид.
Сообраќајката се случила во неделата вечерта во 22.20 часот на улицата „15 Корупс“ во Охрид. Автомобилот „југо“, којшто го управувал осумнаесетгодишник од охридското село Лескоец налетал на четириесет и осумгодишниот велосипедист од истото село. И возилото и велосипедистот се движеле во ист правец, кон селото, и „југото“ удрило во задниот дел од велосипедот кој се движел пред него. На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на Јавен обвинител, овластено вешто лице и полициски екипи. Извршено е алкотестирање врз возачот на „југото“ при што утврдени се 0,70 отсто промили алкохол во крвта. Повредениот велосипедист со возило на итна медицинска помош е пренесен во на хируршкото одделение при општата болница во Охрид каде, по укажаната лекарска помош е задржан на понатамошно лекување. Возачот веднаш е исклучен од сообраќај по што констатирано е дека не поседувал возачка дозвола а возилото технички било неисправно. За време на увидот, сообраќајот не беше запрен и се одвиваше со наизменично пропуштање на возилата по една сообраќајна лента.По наредба на Јавен обвинител од двете лица земена е крв и урина за понатамошна анализа а врз патничкото возило и велосипедот ќе бидат извршени дополнителни вештачења. /крај/мф/ффс
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.