Црна хроника
По 17 години прогласена за невина
Судот во Лос Анџелес ја прогласи невина една жена по 17 години минати во затвор поради убиство кое не го извршила.
Сузан Мелен, сега 59-годишна мајка на три деца од кои две имале 7 и 9 години кога била уапсена, беше осудена на доживотен затвор без можност да биде ослободена за убиството на Ричард Дејли во 1997 година чиешто полујагленосано тело било пронајдено во Сам Педро во Лос Анџелес. Судијата Марк Арнолд од вишиот суд на Лос Анџелес овој случај го оцени како редок пораз на судскиот систем и додал дека се чини оти пресудата којашто ѝ била изречена била втемелена на лажното сведочење на Џун Пати, којашто изјавила дека Мелен ѝ го признала убиството.Веродостојноста на Пати, којашто починала во 2006 година, е доведено во прашање откако неодамна предметот повторно бил отворен кога нејзината сестра, полициски офицер во Торанс, ја нарекла Пати најголема лажга којашто ја сретнала во животот.Тричлена банда последователно била поврзана со убиството, а еден нејзин член е осуден за убиството. На полиграфско истражување тој рекол дека бил присутен на убиството на Дејли, но оти таму не била Мелен./крај/мф/сн
Извор: Associated Press
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.