Црна хроника
По 22 години трета пресуда за убиството на Мери Јошеска
По 22 години од убиството на Мери Јошеска, во понеделник во 14 часот се очекува да биде соопштена третата пресуда за овој случај во кој обвинет е скопјанецот Миле Хаџиски.
Судскиот процес за овој случај започна на барање на Хаџиски, откако беше екстрадиран од Франција по 20 години бегство. Хаџиски во текот на судењето тврдеше дека убиството има друга позадина, не призна дека го извршил убиството, туку рече дека е 99 отсто сигурен дека не е извршител на монструозниот чин, туку дека го убедиле дека тој ја имал главната улога.„Не ми е криво што сум во затвор затоа што во последниве три-четири месеци преку мајка ми и моите адвокати дознав многу работи, според кои, 99 отсто сум сигурен дека не сум извршител на монструозниот чин. Ако било така, немало да има такви присилби кон мене во тоа време, многу пропусти и фалсификати“, рече Хаџиски“, рече Хаџиски.На судењето сведочеа и мајката и сестрата на Мери Јошеска, а судењето го следеа и најблиските на Хаџиски.Според обвинението, Хаџиски по расправија со Мери почнал да ја дави за вратот толку силно што и ја скршил подјазичната коска, со пепелник ја удрил по главата, а потоа со два ножеви ја избодел во пределот на градите, стомакот и црниот дроб.Ја оставил да искрвави до смрт, украл златно синџирче и прстен. Ги избришал трагите од крв на ножевите, едниот бил негов, а другиот, кујнскиот нож, го вратил на место. Се преслекол со позајмена облека и заминал со другар во кафуле. Според обвинението се обидел дури и да го продаде накитот.За овој случај имаше две судења, на првото судење Хаџиски беше осуден на 15 години затвор, но поради пропусти во постапката судењето беше вратено на повторно судење, а Хаџиски по 90 дена минати во притвор беше ослободен. На повтореното судење, доаѓаше на неколку рочишта, но потоа избега од земјава.На тоа судење беше осуден на 20 години затвор, но исто толку години македонската полиција не можеше да го најде.Откако избега од земјава, се приклучил во Легија на странците во Франција, каде служел 15 години, под друго име Зоран Томовиќ. Хаџиски на минатото рочиште негираше дека бил дел од верска секта и со тоа ги негираше тврдењата во јавноста дека убиството било дел од обред на секта./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.