Топ
Почината жена од Белорусија пронајдена во хотел во Охрид
Денеска во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината 53-годишната И.Т. од Република Белорусија.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукција.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
