Црна хроника
Почина обвинет во случајот „Шпион“
Минатата недела на 49-годишна возраст починал четврто обвинетиот во случајот „Шпион“, Зоран Костадиновски кој беше вработен во Управата за безбедност и контраразузнавање, јавува „Нова“.
Костадиновски беше во притвор три месеци по неговото апсење за случајот „Шпион“, а потоа заради лошата здравствена состојба притворот му бил заменет со куќен притвор. Судот ја издвоил постапката против него и за него немаше пресуда. Оттаму велат дека ги чекаат сите документи, по што постапката против Костадиновски ќе биде запрена.Обвинетите во првата шпионска афера во Македонија добија од една до 15 години затвор, а беше изречена и една условна казна. Највисока казна доби првообвинетиот Марјан Ефремов кој се товари дека создал група која се занимавала со шпионажа, оддавање на државни тајни на грчката и унгарската тајна служба. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.