Црна хроника
Подигната кривична пријава за убиството на момчето во Охрид
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, коешто се случи на новогодишната ноќ во македонскиот туристички центар, СВР Охрид во саботата поднесе кривична пријава против 29-годишниот Б.У. српски државјанин од Краљево, а во пријавата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ опфатени се и двајца негови сограѓани, 26-годишниот М.П. и една година помладиот Ѓ.П. и притоа предена им е мерка притвор во траење од 30 дена.
На први јануари година околу 02 часот, во кафе барот „Табана“ на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, се случило нарушување на јавниот ред и мир со жестока вербална расправија помеѓу две групи во кои од една страна бил сега починатиот 27-годишниот Димитар Матлиески со двајца негови пријатели од Охрид. а од другата страна биле сега притворените српски државјани од Краљево.
Оваа вербална расправија со меѓусебна турканица се случила внатре во објектот „Табана“ каде имало организирана прослава за дочекот на Новата година и каде сега притворените биле сместени.
Тројцата млади луѓе од Охрид по полноќ дошле во кафе-барот, застанале на шанкот каде биле сега притворените. Во еден момент, тука настанала меѓусебна вербална расправија и туркање по што од страна на персоналот биле разделени.
Кога сега починатиот Димитар излегол од угостителскиот објект, сакајќи да замине, првопријавениот Б.У. излегол надвор од објектот со цел да го запре и да се пресмета со него. Тука, на плочникот пред објектот го стигнал и го нападнал удирајќи го брутално со раце и нозе во пределот на главата и телото, по што од силните удари настанала смрт. Веднаш потоа српскиот државјанин влегол во објектот каде на влезот бил пречекан од второ и трето пријавените и се упатил кон неговата соба да се преоблече. Другите двајца краљевчани за да го прикријат убиството, прво го сместиле Б.У. во собата на нивни пријателки во истиот објект а подоцна откако се осигуриле дека е безбедно, го вратиле во неговата соба.
Со цел целосно расчистување на овој случај, СВР Охрид го обезбеди местото на настанот и во содејство и присуство на Јавен обвинител изврши криминалистичко-технички увид со цел обезбедување на материјални траги.
По наредба од судија бил извршен претрес во седум соби во објектот „Табана“, со цел пронаоѓање на сторителите на кривичното дело. Во една од собите, пронајдени се сега притворените српски државјани. Во нивната соба, пронајдени и обезбедени се траги од крв и на дел од облеката на првопријавениот.
СВР Охрид ги презеде сите неопходни оперативни мерки и истражни дејствија, направи увид на местото на настанот, се спроведе постапката за препознавање на сега притворените како и анкетирање на очевидци и вработени во угостителскиот објект „Табана“. Сите активности беа реализирани во содејство и координација со јавниот обвинител. По негова наредба, вчера беше извршена обдукција врз телото на сега починатиот./крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.