Црна хроника
Подигнато обвинение за ланската несреќа во „Балкан гасови“
Обвинителен предлог против три физички лица и едно правно лице е поднесено до судот во Гевгелија, во врска со несреќата што се случи во февруари минатата година во „Балкан гасови ДОО“ во Богданци, во која загинаа три лица, а едно беше повредено.
Имено, обвинетите Р.Д., Б.Д. и И.Д. како одговорни лица во четврто обвинетото правно лице во утринските часови на 5 февруари минатата година со пожар и експлозија предизвикале значителна опасност за животот и телото на луѓето при што три лица ги загубија своите животи, а едно лице се здоби со тешки телесни повреди. Починатите лица и оштетениот биле вработени во правното лице на работно место – ракувачи на постројки за полнење на технички гас.
Обвинетите иако знаеле дека оштетените немаат поминато обука за безбедност при работа и работа со гасови и дека може да настапи штетна последица, дозволиле истите да извршуваат работни задачи – поправка на машините и машинска изработка и полнење со течен нафтен гас (ТНГ) на мали плински боци само врз основа на обучувањето што го спровел првообвинетиот.
Критичниот ден сега починатите заменувале скршена челична пружина на машината за полнење на боците, при што дел од капаците на садовите во кои бил сместен ТНГ биле отворени и придонеле за зголемено испарување на гасот во просторијата. Не познавајќи ги карактеристиките на гасот и неговото акумулирање како потежок од воздухот во долниот дел од просторијата, тие продолжиле со својата работа. Во еден момент дошло до кинење на спојот на армираното црево што се наоѓало во долниот дел од машината и испуштање на воздух од истото под притисок.
Како резултат на тоа дошло до создавање на експлозивна смеса пропан – бутан гас. Неконтролираното движење на цревото и удирањето по околните метални површини предизвикало искрење при што настанал пожар и експлозија во просторијата од која како последица на здобиените изгореници починале три лица. Набргу пожарот се проширил и во другите делови на фабриката, односно во магацинскиот простор во кој имало околу 75 000 полни боци подготвени за продажба, при што едно лице се здобило со изгореници од 3 и 4 степен. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.