Контакт

Топ

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје

Објавено пред

Во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“, извршено на 15.06.2026 година, кога беа опожарени две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, СВР Скопје во целост го расчисти случајот.

Вчера, Одделението за криминалистички работи – Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава по итна постапка против И.Д.С.(44) од Скопје, поради основано сомнение дека го сторил наведеното кривично дело.

Во текот на истрагата беа обезбедени материјални докази, меѓу кои и снимки од видео надзор од повеќе локации, како и облеката што осомничениот ја носел во моментот на извршување на делото. Во полициска станица, осомничениот го признал извршувањето на кривичното дело, соопшти МВР.

Фото: МВР



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Кузеска: Братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО

Објавено пред

Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и партиски кадри, вели Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ.

„Скандалот со унапредувањето на братот на Трајко Славески, од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ, е шокантен пример за тоа.

Уште поскандалозно е што ова унапредување се случило уште во март 2025 година, а јавноста за него дозна дури пред неколку дена, кога членовите на Управниот одбор кои го спровеле незаконското унапредување добија кривична пријава“.

Според Кузеска, управниот одбор на М-НАВ незаконски го унапредил Сашо Славески од работно место обезбедувач на имот на позицијата „помошник за обука и координација во Одделение за воздухопловни информации – AIS во Сектор за воздухопловна навигација“.

„Со тоа платата двојно му се зголемила, од 50.000 на околу 100.000 денари. Значи, за само 14 месеци незаконски му биле исплатени повеќе од 7.000 евра на штета на М-НАВ.

Само во ВМРО човек кој работел како чувар во М-НАВ станува член на Управниот одбор на институција задолжена за безбедноста на македонското небо.

Нема ситем, нема критериуми е избран, квалификации, искуство. Ништо.

Единствениот критериум е тоа што е брат на Трајко Славевски и близок до ВМРО.

Така М-НАВ наместо за безбедност на македонското небо е претворено во партиски комитет на ВМРО“.

Криминалната организација ВМРО, вели таа, е симбол на непотизам, партизирани вработувања и злоупотреби на институциите.

„Видовме бројни примери изминативе години на домување на браќа, сестри, роднини, партиски активисти.

Затоа младите се иселуваат од државата затоа што гледаат дека тука знаењето не се цени, системот функционира само за партиски подобните.

Затоа ВМРО не сака во Европската Унија – затоа што тоа значи владеење на правото, професионални институции и мерит-систем“.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Манасиевски: Најголема жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ е македонската дијаспора

Објавено пред

Најголема штета од блокирањето на Изборниот законик од страна на СДС, Левица и ДУИ нема да претрпи ВМРО-ДПМНЕ, туку македонските граѓани кои живеат надвор од државата, истакна денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Со месеци, додава тој, се бараше заедничко решение, но наместо процесот да заврши со политички консензус, СДС, Левица и ДУИ избраа да го блокираат законот и да ги стават сопствените партиски интереси пред интересите на десетици илјади македонски иселеници.

„ВМРО-ДПМНЕ јасно порача дека ќе ги прифати сите барања на опозицијата, иако тие барања не се суштински, само дијаспората да може да гласа по електронски пат или по пошта.

Македонската дијаспора заслужува еднакво право на учество во изборните процеси. Затоа ги повикуваме СДС, Левица и ДУИ да престанат со блокадите и да покажат одговорност, за конечно да се донесе Изборниот законик во интерес на сите македонски граѓани, без разлика на тоа каде живеат“.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ е против една изборна единица, се надева дека така ќе го одложи сопствениот распад, велат од Левица

Објавено пред

СДСМ повторно потврди дека политичката ирелевантност не е само прашање на изборен резултат, туку и на политички рефлекс, велат од Левица.

„Партија која со години секој принцип го претвораше во монета за поткусурување, денес се обидува да држи лекции за опозиционерство на парламентарна партија која иницираше координација на опозицискиот блок околу суштинска реформа на Изборниот законик.
Наместо одговорна и достоинствена реакција и воопшто став за една изборна единица – СДСМ излезе со соопштение составено од политичка фрустрација и очајнички обид вниманието да се пренасочи од темата што очигледно најмалку им одговара“.

Во текот на целата дебата за Изборниот законик, според Левица, СДСМ не изгради ниту една препознатлива политичка позиција за суштинските прашања. Наместо да објаснат, како што велат, дали се за една изборна единица, дали секој глас треба да вреди еднакво и дали Македонија конечно треба да добие поправеден изборен систем, тие упорно се обидуваат дебатата да ја сведат на конспиративни теории.

Од Левица оценуваат дека одбивањето на координација претставува директно пропуштање на можноста власта да биде обврзана да прифати заеднички опозициски став.

„Особено симптоматично е што партијата која со години тврдеше дека се залага за една изборна единица, денес одбива дури и да седне на маса за да разговара за таква реформа. Ако и понатаму се за една изборна единица, тогаш што ги спречува да учествуваат во разговорите? Ако повеќе не се, нека имаат доблест да им го кажат тоа на своето членство.

Неодговорно е што ваквиот пристап ги продлабочува поделбите меѓу опозициските субјекти токму во момент кога постои реална можност за заедничко дејствување. СДСМ со своето одбивање не ја казнува Левица, туку ја пропушта можноста опозицијата да настапи усогласено и да издејствува подобри изборни правила“.

За СДСМ, според оваа партија, сепак, сегашниот изборен модел е прашање на политичко преживување. Затоа панично го бранат системот што произведува изгубени гласови, непропорционална распределба на мандати и вештачки политички кислород за партии кои одамна ја загубија довербата кај граѓаните.

„Се надеваат дека она што повеќе не можат да го добијат од граѓаните, ќе го добијат од изборната математика.

Кога некаде нема поделба на плен, амнестии, институции или политички комфор, ним им изгледа како да нема ни причина за средба. Разбирливо е што не можат да сфатат дека постои партија кои разговара за правила, а не за привилегии. Во нивниот политички универзум, разговорите никогаш не се однесуваат на јавниот интерес. Затоа и не можат да поверуваат дека некој навистина свикува состанок за една изборна единица, а не за политичко пазарење. Толку долго функционираат во логиката на политичките комбинации, што денес секоја иницијатива ја мерат според сопствените навики.

Уште поиронично е што партијата која осум години беше носител на власта и заедно со ДПМНЕ по скратена постапка ги донесе скандалозните измени на Кривичниот законик со кои беа амнестирани околу 80 функционери на ДПМНЕ, денес комично се обидува да се претстави како авангарда на отпорот против политичкиот естаблишмент. Тешко е да се глуми револуционер откако си бил архитект на најконтроверзните политички зделки“.

Граѓаните, нагласуваат од Левица, веќе им пресудија.

На локалните избори во Скопје во 2025 година, Левица, истакнуваат од таму, стана најсилната опозициска политичка сила во главниот град, додека СДСМ го доживеа својот најтежок политички пад.

„Наместо да направат анализа зошто граѓаните им го свртеа грбот, тие повторно бараат виновник во Левица.

На крајот, останува само едно прашање на кое СДСМ упорно одбива да одговори:
Дали сте за една изборна единица или не?

Сè друго е очајнички обид да се спаси сопственото распаѓање“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 минути

„Буквално возев низ оган“: Драматични признанија на жители евакуирани во Шпанија поради шумски пожар

Стотици пожарникари во Шпанија сè уште се обидуваат да ги изгаснат преостанатите жаришта на југоистокот од земјата, по шумските пожари...

Забава19 минути

(Фото/Видео) Убавицата од 90-тите се омажи на 54 години: По 25 години врска, конечно кажа „да“

Чешката манекенка Ева Херцигова и италијанскиот бизнисмен Грегорио Марсијај конечно ја официјализираа својата врска. Ева Херцигова и Грегорио Марсијај се...

Економија27 минути

Божиновска: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновскa ја посети хидроелектраната „Глобочица“, каде заедно со директорот на Подружница ХЕС...

Забава27 минути

(Видео) Мартинијан Кириловски и Драгана Јовановска ги споија гласовите во првиот дует – „Луди и наивни“

Понекогаш се доволни само неколку ноти за да сфатите дека пред вас е песна што нема да остане незабележана. Токму...

Македонија30 минути

Продолжува бесплатното одлагање кабаст отпад во Центарот за селекција во Карпош

ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на градот Скопје дека Претпријатието продолжува да им ја нуди можноста својот кабаст отпад,...

Забава33 минути

Снимка од позната актерка циркулира на интернет, многумина пишуваат: „Кој, по ѓаволите, е овa?“

Гостувањето на Џенифер Лоренс во подкастот „Happy Sad Confused“ повторно предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. Луѓето масовно коментираат...

Македонија38 минути

(Видео) Кузеска: Братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО

Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и...

Македонија40 минути

(Видео) „За две години реализирани и започнати 60 спортски проекти“, вели Димитровска

„Спортот и инвестирањето во здравјето и развојот на младите, повторно е дел од врвните национални приоритетии и тоа го прави...

Европа46 минути

(Видео) Крадците од Лувр откриваат детали: „Знаевме дека мора да си заминеме за три минути“

Двајцата мажи осомничени за кражба на крунски накит во вредност од 88 милиони евра од парискиот музеј Лувр во октомври...