Црна хроника
Поднесена кривична пријава против повредениот „комита“
Навивачот на Вардар кој заврши со тешка телесна повреда на стадионот во Битола, доби кривична пријава од полицијата која го сомничи дека активирал експлозивна направа.
Битолската полиција до Обвинителството во Битола поднесе кривична пријава против Г.Н.(37) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, се вели во соопштението на МВР.
Според МВР, на 03.08.2014 година околу 19:20 часот на стадионот „Тумбе Кафе“ во Битола, за време на одигрувањето на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК„Пелистер“ и ФК„Вардар“, на место каде била сместена навивачката група „Комити“ од Скопје, во маса од поголема група лица, пријавениот активирал експлозивна направа, т.н. „Шок бомба“.
Пријавениот со бомбата во десна рака се пробил низ толпата навивачи и се повлекол во средината на толпата каде почнал да размавтува со неа, во еден момент ја префрлил во левата рака и потоа истата ја активирал.
За целото време навивачи од групата Комити се обидувале да ја одземат или да направат нешто друго со бомбата, додека од униформираните припадници на МВР за цело време се слушало предупредување со извици за Шок.
Од експлозијата пријавениот се здобил со тешки телесни повреди (ампутација на прсти од лева рака), а исто така со повреди се здобиле уште седум лица од Скопје, се вели во соопштението на полицијата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.