Црна хроника
Поднесени кривични пријави против пукачите во тетовското кафуле
Тетовската полиција поднесе кривични пријави против двете лица осомничени за пукањето во тетовското кафуле, инцидентот којшто се случи во петокот вечерта кога едно лице загина, а десет беа повредени или ранети.
Едниот од напаѓачите веднаш по престрелката избегал и по него е распишана потерница, додека на другиот осомничен кој е приведен му е одреден притвор во траење од 30 дена. Мотивот за нападот сé уште не е познат, а портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски истакна дека информациите кои беа објавени во дел од медиумите дека мотив за инцидентот била расправа за девојка се чиста шпекулација и дека нема никаква официјална потврда за такво нешто.Во инцидентот загина дваесет идвегодишно лице кое се здоби со смртни повреди од огнено оружје во стомакот и градниот кош. Тој им подлегнал на повредите на пат за скопските болници и по наредба на јавен обвинител врз неговото тело ќе се изврши обдукција.Уште шест други лица кои се наоѓале во објектот, на возраст од 20 до 25 години, здобиле повреди од огнено оружје најмногу во долните екстремитети. Поради сериозноста четири од нив биле пренесени на скопските клиники, додека останатите две биле задржани на лекување во тетовската клиничка болница.Други четири лица завршиле со телесни повреди, расеченици, набиеници и др, и откако биле пренесени во тетовската болница по укажаната медицинска помош биле пуштени на домашно лекување.Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршија увид на местото на престрелката, каде биле пронајдени и подигнати за вештачење повеќе траги.//крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.