Црна хроника
Поднесено обвинение за убиството на медицинската сестра на Детска клиника
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против дваесет и двегодишно момче од село Петровец за убиството на медицинската сестра на детската клиника во Скопје, што се случи на 9 јануари. Обинетиот ќе одговара за убиство на бремено лице.
Убиството се случи вечерта околу 19,00 час, во кругот на комплекс Клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, во потпокривната просторија на Клиниката за детски болести на седмиот кат.Обвинетиот знаел дека медицинската сестра е бремена. „Тој делото го извршил по претходна вербална расправија, по што со употреба на сила ја турнал сега починатата на подот. Жртвата при падот удирајќи со главата на подот, се здобила со повреда која не била животно загрозувачка. Користејќи ја состојбата во која оштетената, поради повредата, не можела да дава отпор, обвинетиот со едната рака ја фатил за вратот и почнал да ја стега, а со другата рака во исто време и ги затнал носот и устата, давејќи ја се додека не престанала да покажува знаци на живот. Како резултат на насилното задушување кај оштетената настапила смрт“, соопштуваат од Обвинителството.И момчето и медицинската сестра која била десет години постара, се од скопското село Петровец. Според неофицијалните информации сестрата била во брак, но била во љубовна врска со обвинетиот за убиство.По убиството обвинетиот сакал да се самоубие, но по преговори со полицијата се предаде./крај/мф
Извор: Фото: Вечер
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.