Црна хроника
Покренато обвинение за трикратното убиство во Кавадарци
Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинение против осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци што се случи во ноември, кога кавадарчанецот Тони С. ги уби родителите и сестрата на својата сопруга.
Меѓу двајцата сопружници се водела бракоразводна постапка, поради што отишол во куќата на родителите на сопругата, каде таа престојувала. Но, таму не ја нашoл, но почнал расправија со мајката и сестрата на сопругата.Во момент на меѓусебно туркање и влечење за облека, од јакната на обвинетиот испаднал пиштол, кој го зел и пукал кон жените. Потоа се качил на катот од куќата и на влезот од собата испукал еден куршум во таткото на неговата сопруга , нанесувајќи му огнострелна повреда.Мајката и таткото починале веднаш, додека на сестрата и била укажана помош и била пренесена во болница во Кавадарци каде подоцна им подлегнала на повредите.„Обвинетиот по извршувањето на кривичното дело беше недостапен за органите на прогонот. Истиот е пронајден два дена подоцна. Во текот на истрагата се утврди дека обвинетиот повеќе пати бил пријавуван како лице кое упатувало закани кон своите блиски и блиските на неговата сопруга, како и дека е извршител на семејно насилство кон сопругата“ соопштуваат од Обвинителство.Обвинителот му ја продолжи и мерката притвор на обвинетиот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.