Црна хроника
Полицаец фатил сериски крадец на дело во Скопје
СВР-Скопје поднесе кривична пријава против Р.Ф.(37) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело ,,тешка кражба“ за што од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење осум дена.
Имено пријавениот кривичното дело го извршил на 12.01.2016 година околу 12,00 часот на ул„Прохор Пчински“ на тој начин што со употреба на штрафцигер, делувал на задното десно стакло од паркирано ПМВ марка Ауди А4 каде успеал да го скрши и преку скршеното стакло ја отворил вратата од возилото, влегол во истото и украл поголема количина на кутии со филтери за цигари и ролни селотејп.
Веднаш откако ги одзел наведените предмети од возилото, истиот бил забележан од страна на полициски службеник по што бил приведен.
Со истиот бил извршен разговор при што тој во целост го признал начинот на извршување на кривичното дело.
Инаку Р.Ф. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти „кражби“ и „тешки кражби“ за што од страна на СВР Скопје му биле поднесени 67 кривични пријави. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.