Црна хроника
Полицаец крадел пари од банкомат со туѓи платежни картички
Полицаец од Крива Паланка заработи кривична пријава поради сомнение дека сторил две кривични дела и тоа “злоупотреба на службена положба и овластување“ и “измама“.
Пријавениот Г.С.(34) од Крива Паланка, како службено лице-полицаец во група за интервенција во ПС од ОН Крива Паланка при СВР Куманово,на26.07.2015 година, во село Конопница во Крива Паланка, при редовно извршување на работни задачи – надзор над мерка куќен притвор определена од Основен суд Куманово над оштетените лица М.Ц(27). и Ѓ.Ц.(28), ја злоупотребил својата службена положба и овластување со пречекоруваање на границите на своето службено овластување, на тој начин што со намера за себе да прибави противправна имотна корист, откако го извршил надзорот, повторно се вратил кај оштетените во нивниот дом при што како службено лице, искористувајќи ја состојбата на куќен притвор, ги довел во заблуда претставувајќи се дека дека претходно работел како инспектор и дека бил задолжен да им ги провери состојбите на паричните средства кои ги имаат на тековната сметка бидејќи истите подолго време се наоѓале во притвор и можно е некој да им ги зел парите, по што им ги побарал платежните картички со ПИН кодовите.
Откако оштетените верувајќи му како на службено лице, му ги дале истите, во истиот ден и во наредните денови во повеќе наврати од банкоматот во Крива Паланка подигнал вкупен паричен износ од 63.500 денари, со кој износ ги измамил и оштетил, а со истиот износ се здобил со противправна имотна корист.
Откако при нов обид за подигање на готовина, картичката била одземена од банкоматот, а како известување на банкоматот пријавениот добил информација дека картичката не е во функција, веднаш влегол во објектот на Филијалата во Крива Паланка каде што почнал да се распрашува за важноста на платежните картички на оштетените лица, а по добиен одговор од вработениот дека со картичките нешто не е во ред, истиот си заминал.
Од извршениот разговор со оштетените лица дознаено е дека откако кај нив дошол нивниот сосед тие му кажале дека на полицискиот службеник му ги дале платежните картички и ПИН кодовите, истиот сомневајќи се во неговите искрени намери, бидејќи пријавениот е познат дека на повеќе лица во Крива Паланка должел пари, односно земал на заем и не им ги враќал, телефонски се јавил во службите на АД “Стопанска Банка“- Скопје и ги пријавил предметните платежни картички како изгубени, по што истите биле блокирани, што всушност и била причината поради која банкоматот ја одзел платежната картичка.
Инаку против пријавениот и претходно до ОЈО Куманово е поднесен посебен извештај за кривично дело Измама бидејќи не вратил долг на лице од кое претходно зел пари на заем.
Воедно за пријавениот ќе биде поведена и Дисциплинска постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина со предлог мерка отстранување од работното место согласно Колективниот договор на МВР на РМ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.